Џенифер Лопез и нејзиното момче објавија фитнес предизвик за своите фанови

Една од најпознатите светски двојки, Џенифер Лопез и Алекс Родригез, се познати по своите инспиративни видеа. Секојдневно ги прилагодуваат своите деловни обврски за да можат заедно да тренираат, а сега ги покануваат и другите да им се придружат.


„Придружете ми се на мене и Џенифер во 10-дневен предизвик. Нема јаглени хидрати, нема шеќер. Кој е за?“, праша Родригез, објавувајќи видео од еден од нивните интензивни тренинзи.
„Можам да го сторам тоа”, „Почнувам денеска”, „Јас ќе умрам без шеќер, но ако можете вие, можам и јас”, се некои од коментари на следбениците, кои одлучија да се одѕват и да го испробаат овој предизвик.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.