Славната пејачка Џенифер Лопез и нејзиното момче, Алекс Родригез од ден на ден ги инспирираат своите фанови со завидната форма и снимките од заедничките тренинзи.
Изминатите неколку месеци, редовно го посетуваат новоотвореното фитнес студио „TruFusion“.
„Тоа е најдобриот тренинг кој сум го пробал во животот“, изјавил пензионираниот бејзбол играч Алекс Родригез, за магазинот „People“.
Откако го пробал „TruFusion“, толку се воодушевил што одлучил да инвестира во студио, пренесува Форбс. Но, сите се прашувааат по што се разликува ова студио.
View this post on Instagram
Back in black ? but just for a day… RIP to all the calories I just laid to rest in the gym… lol
Родригез, „TruFusion“ го опишал како комбинација од „жешка јога“ и буткамп. Студиото нуди различни видови тренинг во простории кои можат да се загреат до 50 целзиусови степени.
„Тоа всушност е модерна метода за заљубените во фитнесот“, рекла инструкторката Кристина Пезкогин.
Во ова студио, корисниците можат да одберат различни видови на јога, бокс, букамп, возење на велосипед, тренинг со греачи, пилатес или TRX.
„Високата температура помага да согорите повеќе калории, но и побрзо да ги загреете мускулите. Може да ги надминете и своите граници. Тоа е и ментална игра“, појаснила инструкторката.
Главните работи кои не смеат да не се практикуваат за ваков тип на тренинг е добра одмореност, односно наспани да појдете на тренинг и да пиете многу вода за време на истиот..