Џенифер Лопез откри дали коронавирусот ќе и ја одложи свадбата

Пејачката и актерка Џенифер Лопез гостуваше во најновата епизода на шоуто на Елен Деџенерис и зборуваше за нејзините планови за свадба и актуелната пандемија.
Деџенерис ја праша дали изолацијата влијаела врз нивната свадба, а Џенифер признала дека ќе мора да почека подобри времиња.
„Всушност, оваа ситуација влијае врз сите нас, па ќе видиме што ќе се случи. Искрено, воопшто не знам. Ќе мора да почекаме и да видиме за неколку месеци како ќе се одвива“, рече Лопез.
За потсетување, минатиот март, по две години во врска, пејачката Џенифер Лопез се вери со пензионираниот бејзбол играч Алекс Родригез.
„Таа рече да“, напиша Алекс тогаш на својот Инстаграм, заедно со фотографијата од огромен свршенички прстен на раката, за кој што се шпекулира дека чини милион долари.
Исто така, во неодамнешниот пост на ЈуТјуб, Лопез откри дека сака нејзината свадба да биде голема и да се одржи во црква, додавајќи дека првите два брака не се сметаат бидејќи се случиле од погрешни причини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.