ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ПОД СТРЕС ЗА АФЛЕК: Го потиснував со години, СТАНУВА ЗБОР ЗА ВЕНЧАВКА

Не можеше се да оди мазно и глатко.

Поп дивата Џенифер Лопез и холивудскиот актер Бен Афлек минатото лето беа главна тема на светските медиуми поради нивните две венчавки – тајната во Лас Вегас и големата во Џорџија.

Но, пејачката и актерката признава дека сè уште не заборавила што се случило пред 20 години, кога за прв пат требало да се одржи нивната венчавка и дека била под стрес за да се погрижи се да помине во најдобар ред.

Да потсетиме, Џенифер и Бен беа во сериозна врска пред 20 години, а нивната венчавка беше откажана само четири дена пред таа да се одржи, иако гостите веќе почнаа да пристигнуваат.

– Сега планиравме да се венчаме во август во Грузија, за да ни бидат сите семејството и пријателите. Беше многу стресно. Не знам дали се сеќавате, но пред 20 години требаше да се венчаме и се пропадна. Секако дека имав напади на анксиозност – изјавила Џеј Ло во шоуто на Џими Кимел.

Џенифер Лопез и Бен Афлек, папараци

Таа објасни дека почнале да ја планираат венчавката во јули, и дека била толку под стрес што Бен им предложил да се венчаат во Вегас. Не очекувала тој да ја запроси и истиот ден да сака тие сами да одат и да се венчаат.

– Беше расположен да одам на проба, а кога ќе се вратам ќе договори и подготви се. Три од нашите деца беа во кампот, а две беа со нас, па рече дека ќе ги земеме да ни бидат сведоци. И така тргнавме. Тоа беше одлично. Тоа беше најдобрата ноќ во мојот живот – изјавила пејачката.

Како што е познато, Џен и Бен завршија со брак во Џорџија, опкружени со семејството и пријателите.


Пронајдете не на следниве мрежи: