Два месеци по официјалниот развод од Бен Афлек, Џенифер Лопез е подготвена за нова љубов.
Извор изјави за PageSix дека Лопез размислува за врски со неславни мажи.
“Џенифер е подготвена повторно да почне да излегува и не се откажала од потрагата по љубов. Нејзините пријатели ја охрабриле да оди на состаноци и дефинитивно е отворена да запознае некој нов. Овој пат размислува за врска со некој кој не е јавна личност, но не се ограничува на еден конкретен тип”, рекол изворот.
Џенифер поднесе барање за развод во август минатата година и официјално се раздели од Бен минатиот месец. Изворот зборуваше и за врската на Џеј Ло и Џенифер Гарнер.
“И на двете им олесна што завршија со него. Бен е емотивен “ролеркостер”. Во последно време Лопез повторно почна да ѝ се јавува. Двете се всушност пријателки. Тие беа поврзани со заедничко родителство на нивните деца. Не знам зошто медиумите мораат да ги спротивставуваат жените”, додал тој.