Џенифер Лопез секогаш избира смели модни парчиња кои го одразуваат нејзиниот стил на дива. Но, сега таа одлучи да нè изненади и да ја покаже другата страна на модата.Пејачката и актерка Џенифер Лопез веќе некое време привлекува внимание од јавноста. Моментално работи на промоцијата на филмот „Бакнеж на жената-пајак“, каде што ги полни страниците на модните списанија со своите смели комбинации.На неодамна одржаната премиера на филмот во Њујорк, таа носеше драматична креација со цветни мотиви, а тоа издание ги воодушеви сите љубители на цветниот дизајн.Џенифер Лопез се снајде по примерот на Меланија ТрампСега таа одлучи да нè изненади и да покаже поскромен стајлинг – таков на кој би ѝ завидела дури и првата дама на САД, Меланија Трамп .Имено, Џенифер била фотографирана на улиците на Њујорк, каде, според странските медиуми, снимала сцена за претстојниот филм „Последната госпоѓа Париш“.За таа пригода, таа одлучи да носи комплет во впечатлива црвена боја кој ја откриваше нејзината друга страна – елегантната страна. Црниот ремен беше исто така забележлив, што беше вистински контраст на ова монохроматско издание.Таа на својот стајлинг додаде преголема црна шапка, високи потпетици и црни ракавици, што само го надополнуваше стилот на вистинска дама.
Пронајдете не на следниве мрежи:



