Џесика Симпсон откри како изгуби 46 килограми за само шест месеци

Познатата актерка и пејачка Џесика Симпсон конечно откри како изгуби 45 килограми за само шест месеци откако истите ги доби за време на бременоста и по раѓањето на второто дете.
Како што таа изјави, по раѓањето на нејзината ќерка Брди, во еден момент нејзината тежина достигнала 100 килограми, по што си рекла дека е време да преземе нешто.
Килограмите таа му ги препишува на нездравиот начин на живот, лошите навики, како и годините, но со нутриционист и правилни вежби, таа успеала да ослабе и да се чувствува здраво и прекрасно.
Во тоа ѝ помогнал тренерот Харли со кого соработува веќе 12 години, но овојпат режимот бил навистина сериозен и прилагоден за губење на наталожените килограми.


„Иако и претходно ѝ помагав во намалувањето на тежината во периодот по раѓањето на првото бебе, овојпат беше сосема поинаку. Особено бидејќи се работеше за сериозен број на килограми. Секако, имавме големи предизвици пред нас“, изјавил нејзиниот тренер за магазинот „Пипл“.
Тој додава дека нејзината трансформација е резултат на нејзината огромна посветеност и напорот што го вложила, а не само на вежбите за време на тренинзите.


За време на режимот, таа имала пет дневни задачи: еден час активно да се движи, еден час да се исклучи од секаква технологија, да спие доволно, да се храни здраво и напорно да тренира.
Во однос на исхраната, таа имала три главни оброка полни белковини, растителни влакна и добри масти, а во теретана вежбала три пати неделно по 45 минути.
Неговиот единствен совет до сите оние кои сакаат да изгубат килограми е да не си поставуваат престрога цел, туку истрајно да се држите до сите задачи и резултатите секако ќе бидат видливи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.