Џеј Ло го откри својот план на исхрана кој ѝ помага да остане витка – еве што консумира пејачката

Секоја дама може да ги усвои овие совети поради тоа што за истите не е потребно да потрошите многу време.
Поп дивата Џенифер Лопез и во шестата деценија од животот изгледа витко, младолико и полна со енергија, а тоа може да се препише на генетиката, но и на напорните тренинзи, јогата, масажите, исхраната…
Совети кои ќе ви помогнат да имате витка фигура:
1. Јаде често
„Јадам пет пати во текот на денот, но се трудам поголем дел од оброците да бидат протеини“, изјавила Џенифер.


Јаглехидратите се застапени на нејзиното мени, но во мали количини.
Пред секој оброк таа јаде и порција салата, за да изеде помалку од останатата храна. Нејзиниот ручек и вечера се состојат од порција на некое месо кое не е многу масно, многу зеленчук и интегрален леб или ориз.
Ужината е или некое овошје или јаткасти плодови, или темно чоколадо. За појадок јаде кајгана и пие чаша смути од сезонско овошје.
2. Пие многу течности
Хидратацијата е многу важна за функционирањето на целиот организам, па така и за слабеењето. Поради тоа Џенифер пие најмалку по 2,5 литри вода дневно.
3. Избегнува конзервирана храна
Конзервираната храна е полна со адитиви кои создаваат гасови и поради тоа пејачката ги избегнува.
4. Не користи преливи или сосови
„Да, храната е многу повкусна кога се јаде со некој вкусен сос од павлака или пак мајонез, но доколку сакате витка линија, не помислувајте на тоа“, изјавила пејачката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.