Агентите на холивудската пејачка и актерка Џенифер Лопез (50) веќе долго време се распрашуваат за луксузниот имот на пејачката Лепа Брена (59) во Мајами. Српските медиуми пишуваат дека станува збор за вила вредна 900.000 евра.
Вилата има 400 квадратни метри и се наоѓа по должината на крајбрежјето, во неа за време на студирањето престојувале синовите на Брена, Стефан (27) и Филип (35). Сега вилата ја користат за семејни одмори.
Пејачката била воодушевена што Лопез се заинтересирала за имотот, но објаснила дека не е на продажба.
„Куќата не е на продажба, но ние секогаш можеме да ја поканиме Џенифер на вечера“, изјавила Лепа Брена за српските медиуми.