Џеј Ло никогаш посексапилна – длабок шлиц и уште подлабоко деколте…

Многумина се согласни дека латино дивата Џенифер Лопез е една од најубавите жени на светот.
Таа неодамна била на некоја прослава за која видливо е дека многу се потрудила за својот целосен стајлинг – едноставно изгледа прекрасно и остава без здив.
Луѓето кои ги виделе нејзините фотографии велат дека сто пати поубаво изгледа од многу од ѕвездите кои беа на доделувањето на престижните филмски награди за Оскар, на кои оваа дива не присуствуваше.


Фустанот кој одлучила да го носи имал длабок шлиц и уште подлабоко деколте, но и покрај тоа Лопез сепак остава впечаток на елегантна и грациозна дама, а мора да се согласиме дека само таа тоа најдобро го прави.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.