Поради гласините дека разводот на славната двојка е неминовен, Џенифер Лопез е снимена како оди во канцеларијата на нејзиниот сопруг Бен Афлек .54-годишната пејачка неодамна се врати од патување во Италија, а на пат кон Европа го украде вниманието додека леташе со економска класа за Париз .По враќањето во Лос Анџелес, таа го посети Бен во неговата канцеларија, а претходната вечер тој беше фотографиран од папараците со венчалниот прстен што претходно го извади.Се дозна дека двојката неодамна ја продала заедничката вила, а медиумите веќе извесно време пишуваат дека разводот е сигурен и дека нивните постапки само се повеќе ја заинтригираат јавноста.Да потсетиме дека Лопез и Афлек се венчаа во август 2022 година . Парот, кој го носеше заедничкиот прекар Бенифер, беше во врска на почетокот на 2000-тите, кога планираа и да се венчаат, но во 2003 година нагло раскинаа и ја откажаа венчавката.Во меѓувреме, Лопез беше во брак со пејачот Марк Ентони, со кој ги добија близнаците Макс и Ема. Афлек има три деца, Фин, Вајолет и Семјуел од бракот со актерката Џенифер Гарнер.
Пронајдете не на следниве мрежи: