Џеј Ло советува: „Исфрлете ги овие намирници од исхраната кои прават да изгледате 20 години постаро“

Латино дивата Џенифер Лопез изгледа сè поубаво и поубаво, а ова се нејзините совети за здравје и убавина.
Лопез овојпат ја откри тајната на младиот изглед, а таа вели дека уште од своите дваесетти години користи заштитен фактор 30 кој што ѝ ја штити кожата од штетните ултра-виолетови зраци кои што предизвикуваат хиперпигментација и го поттикнуваат стареењето на кожата.
Оваа 51-годишна дама откри дека ниту еден ден не го прескокнува тој важен чекор кој што ѝ помага да изгледа двојно помладо.
Но, Џенифер сега открила и една намирница, односно јадење кое што никогаш не го јаде затоа што како што тврди таа, доколку истото го консумирате често може да предизвика вашата кожа да изгледа 20 години постаро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Станува збор за супите од ќесички кои што, како што тврди таа се полни со натриум кои што ја апсорбираат водата во нашиот организам. Дехидратацијата ја суши кожата, што предизвикува појава на брчки.
„Доколку не можете да се одвикнете од тоа јадење, барајте супи кои содржат голема количина на квалитетен зеленчук, со помалку конзерванси, сол и конзервиран мононатриумов глутамат. Но, исто така тие нека содржат помалку заситени маснотии и хидрогенирани масти“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Освен супите од ќесичка, Лопез тврди дека исто така избегнува енергетски напитоци кои што содржат многу шеќери и кофеин – две супстанции кои што воопшто не се добри за кожата.
„Ве молам, не ги користете тие пијалаци. Освен што се лоши за вашиот желудник и црниот дроб, лоши се и за кожата која што по консумирањето на мала количина од намирниците ќе изгледа многу полошо“, заклучила Џеј Ло која што за крај додала дека е лесно да се контролира желбата за консумирање на овие намирници, доколку здравјето е на прво место.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.