Џиновски астероид широк 4 околу километри и класифициран како „потенцијално опасен“ од НАСА треба денеска да помине на 3,9 милиони милји од Земјата
Астероидот класифициран како „потенцијално опасен“ од НАСА ќе го направи својот најблизок пристап до Земјата денес – но астрономите велат дека не претставува никаква опасност за планетата. Познат како (52768) 1998 OR2, астероидот ќе помине 3,9 милиони милји од Земјата – што е околу 16 пати подалеку од растојанието до Месечината – денес во 10:56 часот. Опсерваторијата „Аресибо“ во Порто Рико ја следи вселенската карпа – која е со околу 4 километри широчина, откако НАСА за прв пат го забележа во 1998 година. Научниците се шегуваат дека најновата слика на астероидот изгледа како да носи маска поради прашина и остатоци што минуваат околу неа.
Научниците продолжуваат да внимаваат на астероидот за да видат како ќе се движи по 2020 година – бидејќи неговата идна орбита би можела да се промени. „Мерењата на радарот ни овозможуваат попрецизно да знаеме каде ќе биде астероидот во иднина, вклучувајќи ги и неговите идни блиски пристапи кон Земјата“, објасни Флавиан Вендити, научник за истражување во опсерваторијата. „Во 2079 година, астероидот 1998 OR2 ќе ја помине до Земјата околу 3,5 пати поблизу отколку што ќе биде оваа година, така што е важно точно да се знае нејзината орбита“. Тимот започна со набудувања на 13 април и ќе продолжи да собира податоци до 23 април, кога астероидот повеќе нема да биде видлив од објективите на телескопите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.