Џована Кири новинарката која правата ја објави веста за одлуката на Папата

Новинарката на италијанската новинска агенција Џована Кири, долгогодишна известувачка од Ватикан, во понеделникот стана славна во новинарските кругови, но и пошироко, бидејќи благодарејќи на познавањето на латинскиот јазик и својата храброст беше првата која во светот ја пренесе одлуката на папата Бенедикт XVI да се повлече од должноста.Џована Кири, која впечатливо покажа дека познавањето на мртов јазик не е бесполезно, веднаш сфатила што Папата зборува, кој на латински почнал со тивок глас да ја чита својата одлука.„Ми се стресоа колената. Мислев дека тоа е апсурдно. Знаев, секако, што напиша во неговата книга за можноста за оставката, знаеја сите, но никогаш не помислив дека тоа навистина ќе го стори“, вели новинарката на Ansa.Кири којашто известува од Ватикан од 1994 година, успеала да ја пренесе веста под голем притисок. „Знаев колку е тоа важно. Веднаш се обидов да ја контактирам агенцијата, да ја проверам информацијата, иако не се сомневав во својот латински. Во редакцијата се погрижија веста брзо да биде емитирана“, објаснува.Според искусните новинари, многу е тешко да се известува од Ватикан. Дури и оние кои таму се со години ретко го знаат латинскиот и ги чекаат официјалните преводи на Светата столица. Новинарите од Ватикан го пренесуваат сето она што ги интересира и се однесува на милиони верници, но две вести секогаш се поважни од другите – простувањето од еден папа и објавувањето дека доаѓа друг папа.Кога тоа ќе се случи, како дел од нормалното натпреварување меѓу новинарите, почнува трката: кој прв ќе ја објави веста, или, пак, во конкретниот случај, кој ќе биде доволно храбар да биде прв? Тие прашање можеби не се толку важни надвор од медиумските кругови, но се непроценливи во самиот него, пишува американскиот портал Huffington Post. „Браво Џована“, затоа објавија многу италијански новинари на своите Twitter профили, оддавајќи и’ признание на колешката за нејзината храброст и знаење.
МакфаксНовинарката на италијанската новинска агенција Џована Кири, долгогодишна известувачка од Ватикан, во понеделникот стан

Пронајдете не на следниве мрежи: