Џони Деп е познат по својот уникатен изглед и одличната глума, но овој пат направи драстична промена во својот стил.Џони Деп е познат по својот уникатен изглед и одличната глума, но овој пат направи драстична промена во својот стил.
Талентираниот актер го покажа својот нов стајлинг во Лондон, каде одлучил да ја посети филм легендата Кристофер Ли. Ѕвездата од филмот „Пиратите од Карибите“, во саботата ги изненадил своите пријатели додека ја примил наградата на Британскиот Филмски институт.
Деп ја искористил церемонијата и одржал говор, притоа Ли бил одушевен од самиот негов став. Деп ја посветил наградата на големиот човек кој го инспирирал во неговата кариера.
„Тој е врвен индивидуалец и во текот на годините имав задоволство да работам со него и тоа беше исполнување на моите соништа“, изјавил Деп.
„Колку и да беше добра соработката, сепак најголемо задоволство ми е го имам како пријател и тоа со ништо не може да се спореди. Тој е национално богатство и вистински уметник. Те сакам“, додаде Џони Деп.Џони Деп е познат по својот уникатен изглед и одличната глума, но овој пат направи драстична промена во својот стил.