Џон Кери на првата турнеја како државен секретар

Џон Кери во неделата ја започнува својата прва турнеја во странство откако ја презема должноста државен секретар на САД, и според портпаролката на Стејт департментот станува збор „турнеја на сослушување“ што имаат да му кажат државниците од клучните американски сојузници со кои ќе се сретне и можност да оствари разговори за билатералните и глобалните прашања.Американскиот државен секретар  Џон Кери својата 11-дневна турнеја ја започнува во недела од Лондон, а потоа ќе ги посети Берлин, Париз, Рим, Каиро, Ријад, Абудаби и Доха. Во Вашингтон ќе се врати на 6-ти март.По разговорите со главните сојузниците во Лондон, Берлин и Париз, Кери ќе отпатува во Рим каде што ќе се сретне со претставниците на сириската опозиција и претставници на поголема група земји кои ја поддржуваат во нејзиното двегодишно барање сирискиот претседател Башар ал-Асад да ја напушти власта.„Очекуваме добри разговори со европските сојузници и партнерите, но и со блискоисточните партнери, за пристапот кон решавањето на повеќето комплицирани прашања од Либија, преку Тунис, Египет и Сирија до Иран“, изјави портпаролката на Стејт департментот, Викторија Нуланд.Американскиот државен секретар Кери на ова патување, и тоа во Берлин, првпат ќе се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Според најавите, на средбата ќе се разговара за многу билатерални и меѓународни прашања, со акцент на Северна Кореја, Сирија и Иран.
МакфаксЏон Кери во неделата ја започнува својата прва турнеја во странство откако ја презема должноста државен секретар

Пронајдете не на следниве мрежи: