Кристијано Роналдо не е единствениот во семејството кој часовите ги поминува во теретана, имено и неговата девојка Џорџина Родригез покажа колку нејзиното тело е во форма и колку е еластична.
И додека Кристијано се спрема за натпреварот на Јувентус со Ајакс, мајката на едногодишната Алана Мартина сподели неверојатна фотографија на Инстаграм која за помалку од еден час собра речиси 100.000 лајкови.
25 годишната Родригез објавата ја опишала со познатата изрека: “Едно јаболко на ден и лекар не ви е потребен”.
Иако на 12 септември 2017 година на Кристијано му ја роди Алана Мартина, таа многу брзо се врати во совршена форма.
Џорџина исто така му помага на Кристијано во воспитувањето на близнаците Ева и Матео и 8 годишниот син Кристијано Џуниор кои се родени од сурогат мајка. Џорџина му била голема поддршка на Кристијано кога тој се соочувал со обвиненијата за силување.