Џорџ Клуни доживеал сообраќајна несреќа на Сардинија, по што бил хоспитализиран.
Според италијанскиот весник „La Nuova Sardegna“, 57-годишниот актер со мотор се судрил со автомобил кој нагло го променил правецот на движење. За среќа, тој поминал без сериозни повреди. Клуни се здобил со модрици на рацете и нозете и повреда на карлицата откако удрил во шофершајбната на автомобилот.
Тој бил однесен во болница, каде му биле направени рендгенски снимки.
Пред неколку дена Џорџ и Амал беа фотографирани по романтична вечера во Лоири Порто Сан Паоло на Сардинија, каде во моментов живеат со едногодишните близначиња Ела и Александар.