Џохар Царнаев ја префрли врз братот вината за нападот во Бостон

Џохар Џарнаев, обвинет за учество во двојниот терористички напад за време на Бостонскиот маратон од 15-ти април во кој загинаа три лица а 183 се ранети, на истражителите им рекол дека нападите ги осмислил неговиот брат Тамерлан, како и дека ниедна меѓународна терористичка група не била вклучена во нив, јавува CNN.

 Владин извор кој барал анонимност за американската телевизија рекол дека „прелиминарното испитување на Царнаев покажало дека двајцата браќа може да се сметаат за 'самоуки' џихадисти”, кои дејствувале самостојно и надвор од која и да е организација.
„Џохар Царнаев кој е ранет и моментално се наоѓа во бостонската болница рекол дека неговиот 26-годишен брат Тамерлан, кој во петокот го уби полицијата, сакал да ги 'спречи нападите' врз исламот”, рекол соговорникот на CNN
Деветнаесетгодишниот Џохар Царнаев истакнал дека во нападите не учествувал члена на ниедна меѓународна терористичка организација.
Царнаев е прелиминарно сослушан во болницата пред судијката Мариан Боулер. Во текот на сослушувањето комуницирал со климање на главата и покрај тоа што е ранет во вратот успеал да изговори „не” кога судијката го прашала може ли да се дозволи адвокат. Следното сослушување е закажано за 30-ти мај.
Џохар Царнаев е згрижен во истата болница во која се згрижени и ранетите во нападот. Околу 57 лица сé уште се во болницата, од кои две се во критична состојба.
За да извлечат што е можно повеќе информации, и во крајна линија да дознаат дали браќата Царнаеви дејствувале сами или имале мрежа која стои зад нив, истражители го применуваат „исклучокот за јавната безбедност”, за да го испитаат Таа мерка значи дека за Царнаев нема да важат следните неколку дена правата наречени „Миранда”, коишто му дозволуваат да се брани со молчење, како и да може да биде испитуван без присуство на адвокат.
Претходно во неделата некои американски сенатори, повеќето републикански, побараа на Џохар Царнаев иако во 2012 година станал американски државјанин, да се примени статусот на непријателски борец. Во таквиот статус, кои се применува за затворените во злогласниот американски затвор во американската воена база во заливот Гвантанамо на Куба, лицето може неограничени и без судски процес да биде држено во затвор.
Џохар Џарнаев, обвинет за учество во двојниот терористички напад за време на Бостонскиот маратон од 15-ти април во кој

Пронајдете не на следниве мрежи: