Украинскиот боксер Владимир Кличко го обвини Џо Роган за ширење на руска пропаганда, откако водителот на поткастот во неодамнешната епизода кажа дека претседателите на САД и Украина се обидуваат да ја започнат Третата светска војна.
Роган неодамна ја коментираше одлуката на Џо Бајден да ѝ одобри на украинската војска да користи американски ракети со долг дострел против руските сили во Курската област, рускиот регион кој се граничи со Украина.
„Зеленски вели дека Путин е преплашен. Е** се човек, еб*** се. Ќе ја започнете Третата светска војна. Можеби би било добро избегнеме нашиот поранешен претседател да нè вовлече во тоа“, кажа Роган.
Кличко: Ја повторувате руската пропаганда
Владимир Кличко, поранешниот светски шампион во тешка категорија, му одговори на Роган на „Х“.
„Зборувате за испраќање американско оружје во Украина, за кое верувате дека ќе доведе до трета светска војна. Дозволете ми да кажам дека ја повторувате руската пропаганда. Путиновата Русија е во неволја. Сакаат да ве исплашат. Неговата војна требаше да трае три дена, а трае три години благодарение на херојството и пожртвуваноста на нас Украинците“, кажа Кличко.
„Вие го користите единственото оружје кое Путин навистина има намера да го употреби: пропагандата. Ова оружје ги слабее нашите демократии. Путиновата Русија сака тивко да ја уништи Украина, тие сакаат Америка да молчи, а не да биде голема. Големата Америка не е Америка која ги напушта земјите кои со своите животи ја бранат слободата“, додаде Кличко.
Поранешниот боксер исто така предложи да се појави на поткастот на Роган за да разговараат за различните перспективи на нештата.