Ангела Меркел месецов двапати беше уловена на камера како неконтролирано се тресе, па толку требаше за да започнат шпекулациите за нејзиното здравје.
На 18-ти јуни, 64-годишната Меркел беше забележана како се обидува да ги држи рацете припиени за телото, додека целото тело некотролирано ѝ се тресе неколку секунди.
Истото ѝ се случи и на најновото појавување пред само неколку часа, каде рацете ги држеше една со друга, во обид да го смири тресењето на телото.
За ваквата несакана појава, Меркел изјавила дека само била дехидрирана и ѝ била потребна вода.
Сега за сега, никој не потврдува дека има било какви сериозни здравствени проблеми.
Сепак, снимките се малку вознемирувачки: