Дневен хороскоп за 26.09.2014 година.Овен
Социјалните фактори се повеќе од поволни за вашиот професионален успех, кој со текот на времето сѐ повеќе ќе расте. Овој тренд за реализација ќе ги направи среќни припадниците на овој знак.
Бик
Нови бенефиции, успешно справување со обврските и распоредување цели за идна реализација, е патеката по која денес ќе се движат Биковите.
Близнаци
Новостите од работната околина, а за некои од пријателската сфера ќе изненадат многумина од овој знак. Очигледно станува збор за некои неочекувани промени, кои може да се покажат како несоодветни за вас.
Рак
Ќе добиете доста комплименти на ваша адреса, луѓето ќе ве убедуваат дека сте одлична личност. Можни се несогласувања со семејството, затоа бидете трпеливи и ислушајте мислењето на сите.
Лав
Потврдување на авторитетот на работното место и во семејството. Благодарение на вашиот став ќе ги освоите дури и вашите заколнати непријатели. Но, бидете внимателни – невината шега може да ве доведе до конфликт со влијателна личност.
Девица
Ќе настапат промени кои ќе ве принудат да донесете брзи одлуки. Во многу случаи станува збор за заминување во странство, што навестува продолжен престој.
Вага
Не започнувајте активности кои не можете да ги завршите, не се преценувајте и не ветувајте ништо што е надвор од вашите способности. Бидете претпазливи при контакт со електрични апарати.
Скорпија
Не се обидувајте да ја залечите емоционалната несигурност со детско однесување. И не давајте пари на заем на помалку познати членови од семејството, бидејќи засекогаш може да се разделите со нив.
Стрелец
Ова е поволен ден за започнување на било каков потфат или активност од личен карактер. Добро е сега да остварите контакти со вашите шефови и воопшто со претпоставените.
Јарец
Разновиден ден. Вашиот гламур денес може да направи чуда. Затоа, искористете ги поволните ситуации, но не е препорачливо да бидете премногу настојчиви и ситничави.
Водолија
Состојбата на латентност денес е карактеристична за многумина од претставниците на овој знак. Наместо сѐ да оставите во своите раце, насочете се кон контакти со пријателите или кон забавни активности.
Риби
Рибите ќе демонстрираат силна активност при остварување на своите цели во општеството, без разлика дали се лични или деловни. И во двете насоки не ви недостасува внатрешна аргументација, ниту пак среќа.Овен
Социјалните фактори се повеќе од поволни за вашиот професионален успех, кој со текот на времето сѐ повеќе ќе расте. О