После првите два текста Кој е Чанчаревиќ и Чанчаревиќ: Признај бе копиле вмровско ви пренесуваме сведоштво на жртва на удбашкиот терор во Охрид. Од разбирливи причини нема да го именуваме, бидејќи не сакаме да му го нарушуваме мирот, но обезбедивме потресно сведоштво.Жртвата е борец за независна Македонија и активен учесник во референдумот за независност во 1991 година.
„Деновите во затворот беа многу тешки, но единственото нешто што ме тераше да издржам е дека го продолжувам патот на мојот татко кој истотака бил затворен за идејата за независна Македонија. Едно утро во мојата куќа влегоа многу милицајци. Ги предводеше Добри Величковски – Циганот.Претресот траеше неколку саати и ме ставија во комбе.Ме однесоа во некој стан во Скопје. Таму за прв пат се „сретнав“ со Александар Чанчаревиќ.
До ден денес неможам да се движам како што треба од деновите кога бев малтретиран од службите на безбедност.
Целото мое семејство беше на удар, бидејќи се противевме на режимот кој ја владееше Македонија. И тоа беше суров режим!Главен на удбашите беше Добри Величковски-Циганот, а веднаш под него беа Александар Чанчаревиќ кој го викаа Чанчарот и Блаже Голубовиќ.Во првиот стан ме врзаа за радијатор со лисици. Потоа ми ставија лисици и на нозете. Ме тепаа со гумени палки по табаните и по бубрезите.Уринирав крв цели 3 месеци по тоа тепање, а со нозете сеуште имам проблеми. Ми отекуваат табаните и пијам лекарства.Измачувањето беше толку големо што неколку пати бев решен да си ги скратам маките.“
Жртвата е борец за независна Македонија и активен учесник во референдумот за независност во 1991 година.
„Деновите во затворот беа мн