Кабинет на Иванов: Не се укинува Комисијата за помилување

Комисијата за помилување е формирана во 1991 година врз основа на Одлуката за организација и делокруг на работа на Кабинетот на претседателот на Република Македонија.Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов попладнево преку соопштение, во врска со написи во одредени медиуми дека со одлуката на Уставниот суд се укинува и Комисијата за помилување, информира дека Комисијата не се укинува и е постојано работно тело на Претседателот на Република Македонија.
-Оттука, Комисијата за помилување постоеше и пред донесувањето на измените на Законот за помилување во 2009  и како и досега и понатаму ќе продолжи да функционира како советодавно тело на Претседателот, се наведува во соопштението.
Иванов, истакнуваат од Кабинетот, досега не коментирал и нема да коментира одлуки на Уставниот суд.
– Претседателот Иванов, како и досега, така и во иднина, во извршување на оваа негова  уставна ингеренција ќе се води исклучиво според законите, односно одлуките за помилување ќе ги носи согласно постапката и одредбите од Законот за помилување, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов попладнево преку соопштение, во врска со написи во одредени медиуми дека со одлуката на Уставниот суд

Пронајдете не на следниве мрежи: