Mакедонците ова лето ќе имаат право на бесплатно лекување за итни состојби во 17 држави. Фондот за здравствено осигурување ќе ги покрие трошоците за скршеници, висока температура, повреди во сообраќајна несреќа или убоди од инсекти кои не можат да бидат одложени до враќањето дома.Но, ова не важи за пациентите со хронични заболувања.
Доколку летувате во Бугарија, Турција, Хрватска или Албанија, за непоходни здравствени услуги ќе бидете третирани како и осигурениците во овие земји. Единствен услов е да имате двојазичен образец за здравствено осигурување издаден од подрачните на ФЗОМ.
– Се што треба да направат нашите осигуреници е пред патувањето во странство да се јават во подрачните служби каде ја поднесуваат пријавата за задолжително здравствено осигурување и пополнуваат барање за двојазичен образец кој важи и за студиски престој, привремено стручно усовршување или школување. , вели Сашо Стефановски, директор на ФЗОМ
За да го добијат образецот, граѓаните мора да достават потврда од матичен лекар дека се здрави, а за жените и од гинеколог. Потоа треба да добијат мислење од лекарската комисија во Фондот, процедура која според надлежните може да биде завршена во еден ден.
Минатата година 3.780 граѓани подигнале двојазични обрасци.
Доколку како турист го немате овој документ, лекувањето во странство ќе го платите приватно. Државата се уште нема договор со Грција, една од најчестите дестинации на македонските граѓани за време на летниот период.
Како што информира Фондот за здравствено осигурување ова право можат да го користат во Германија, Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција, Италија, Словачка и Албанија.
Под итна и неопходни здравствена заштита се подразбира користење здравствени услуги, чиешто пружање не може да се одложи до планираното враќање во Република Македонија.Но, ова не важи за пациентите со хронични заболувања.
Доколку летувате во Бугарија, Турција, Хрватска или Албанија, за непоходни здравствен