Методите на удбашот Чанчаревиќ

Претходните неколку денови објавивме текстови за Александар Чанчаревиќ – еден од крвниците на македонските патриоти. Нашиот сведок, кој со вознемиреност се сеќава на тортурите на удбашите, ни го даде на увид писмото кое тој го испратил до неговата сопруга. Писмото го пишувал мотивиран од помислата дека можеби нема жив да излезе од канџите на УДБА. Писмото го пренесуваме во целост и без интервенции од страна на редакцијата.Среда, 13 мај 1992, Скопје
            Здраво (имињата познати на редкацијата),
            (името познато на редакцијата) да не ти кажувам многу. Јас се наоѓам во истражниот затвор Шуто Оризари Скопје.

            Побарај помош од пријателите од Скопје, и со нив да најдете добар Адвокат, и да ме ослободат од овде за да можам да се брана од Слобода.
            Прашејте го на телефон Адвокатот Саво Коцаре, ако не може тој барајте под хитно Адвокат, али добар. Адвокатот да дојде ваму за да му потпишам полномошно.
            (името познато на редкацијата), ах таа наша Македонија, се борев, се боревме и ќе се бориме и во иднина за нашата убава земја Македонија. Мојот морал никој не може да го скрши за борбата за суверена и независна Македонија. Како сега некои нелуѓе ги искористија Моите патриотски и национални чуства за Македонија, ги искористија за свои лични потреби. Тие нелуѓе мене ме излажаа, и сега затоа што сум излажан се наоѓам овде. Ако има правда законот и Господ ќе ги казни нив.

            (името познато на редакцијата) речи им на пријателите сега од нив зависи и моето сегашно вработување во Охрид.
            (името познато на редакцијата) земи ги Акциите мој од ЕМО и оди во ЕМО лескајца и земи пари. Даваље за посета кај мене ќе ти треба, потврда од Истражниот судија од Велес и во Велес кој се вика Коста Нојков.
            Поздрав за сите, за (имињата познати на редкацијата), Поздрави ги (имињата познати на редакцијата).
            Те молам под хитно Адвокат да најдете.
            За пари, јас кога ќе излезам ќе раситнам, а сега позајми и не чекај оти ова овде не се издржува психички.

            Оди во сервисот во поштата и направи го телефонот. Побарај го (името познато на редакцијата) што беше вежба Морнарица. Или стави друг телефон. 
КОЈ Е ЧАНЧАРЕВИЌ?Среда, 13 мај 1992, Скопје
            Здраво (

Пронајдете не на следниве мрежи: