Не сакав да реагирам на никаков начин во деновите после поплавата. Сметав дека е тоа премногу потресно и затоа не треба да се пишува ништо. Најважно беше да се сплотат сите луѓе и да се помогне во регионот кој беше поплавен. Затоа на почетокот, длабоко сочувство до оние на кои им починаа најблиските и желба сите кои се погодени од несреќата, што е можно поскоро да ги отклонат последиците.Веќе е извесно дека ваква природна непогода не се случила на овие простори во последните илјада години. Значи, среќа е што има одговорни политичари и што излегоа во пресрет на луѓето во поплавените подрачја веднаш. Најголем дел, вклучувајќи го и претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски, тоа го сторија веднаш, на своја штета и на штета на нивните семејства. Но да не се реагираше така во настраданите подрачја немаше да има услови за живот подолг временски период. Сепак, целокупната декаденција во државата, сега соберена под плаштот на шарената револуција, блиска до опозицијата, не дочека дури ни да помине денот на жалоста во Републиката. Веднаш почнаа со провокацвии, кои додатно го изиритираа веќе револтираниот народ, од глупостите кои ги правеа во последните неколку месеци.
Секако главна тема уште во почетокот им стана, зошто председателот на владејачката партија се меша во поплавените подрачја. Дали е тоа во негова надлежност и дали сака со тоа да направи партиски поени или зголемување на рејтингот. Одговорот го даде самиот тој во неговото интервју за Сител, каде што рече дека тие што прашуваат зошто е на терен, доколку не беше тука ќе прашувале зошто не е на терен.Најважно во приказната е дали има резултати од тоа присуство или не?За само десетина дена целиот регион е потполно расчистен и оспособен за нормално функционирање. Апелот за помош вроди со плод посебно за снабдување на населението со вода, храна, облека, лекови и други производи неопходни за нормално живеење. Со добра координација на државните органи работите беа изведувани брзо, ефикасно и ефективно. Побараната партиска подржка, на која повика претседателот на владејачката партија во погодените региони секој ден имаше по 2- 3 илјади доброволци во, без чија помош последиците тешко ќе се отстранеа толку брзо. За да биде масовноста поголема председателот на ВМРО ДПМНЕ даваше личен пример и постојано работеше во поплавените куќи од утро до вечер, рамо до рамо со жителите кои се сопственици на тие куќи, а ноќта ја оставаше да провери дали се што е договорено предходно е завршено. Значи резултатите кои се постигнати се огромни, благодарение на неговото присуство, но и на сите државни функционери, особено оние кои се задолжени да ги извршуваат тие работи. Во исто време, председателот на државата ја вклучи во активностите за решавање на вонредната состојба и Армијата, која со својата организираност и ефикасност, во имповизираниот штаб кој го монтираше директно во поплавеното подрачје, даде огромен придонес во решавањето на кризата и сеуште се наоѓа на терен. Секако, треба да се спомене и надчовечкото залагање на градоначалникот Коце Трајановски, кој ги остави сите други активности и во Градот и се посвети исклучиво на решавање на проблемите на населиението каде што дојде до проблеми од поплавите. Тој можеби нема господско однесување како неговите предходници, но е човек од народот и ги знае неговите потреби, а веќе добро знае и како да се справи со сите урбанистички и рурални проблеми. Ваквата експедитивност во расчистување на теренот придонесе да не дојде до епидемии и заразни болести, кои можеа да се прошират и на други делови во државата. Останува третото прашање, односно дали со тоа ќе се покачи рејтингот. Несомнено после она што го видовме на терен тоа ќе се случи, но според мене тоа не е најважно. Суштествено е дека им се помогна многу на тие луѓе, Македонија докажа дека може да се справи дури и со катастрофи од огромен размер како што беше оваа и дека за тоа е потребна добра организираност, односно високи менаџерски способности.
Се разбира кога опозицијата почувствува дека ваквиот развој на настаните не и одговара, наместо да го мотивира и организира своето членство да помогне, почна да се служи со ниски удари, кои ги надминаа сите етички и морални граници и кои го допираат дното на дозволено политичко дејствување. Имено, таа веднаш ги употреби своите валкани финансиски фондови за ангажирање на провокаторот Гоце Марковски од Прилеп, за кој медиумите пишуваа дека бил конфликтна личност, да направи инцидент во тој регион. Провокаторот добил информации каде ке се движи Никола Груевски тој ден и се упатил во населбата Синѓелиќ , заслепен од средствата кои му биле дадени, дошол во улица во која живеат Албанци на кои подеднакво им се помага како и на сите други граѓани во Репувлика Македонија. За разлика од македонците кои до сега мораа да бидат во дефанзива од глутницата на платеници преку Соросовата фондација, Роза Луксембург и други, албанците не дозволуваат да се повредува нивното достоинство и да бидат навредувани во нивната улица. Па така комуналниот инспектор реагираше на провокацијата, со што го демаскира активистот на шарената револуција, кој се обиде да се представи како човек што му помага на населението. Премногу низок беше и спинот од Бугарската телевизија Нова, блиска до Социјалдемократската партија во Бугарија. Наместо да помагаат во оваа вонредна состојба тие ги подгреваа страстите.
Кога сме кај шарените, мора да се спомене дека повторно дојде до израз нивната деструктивна политика. Тие во наводен обид да помогнат, беа избркани од поплавеното подрачје, со одговор од жителите не им треба нивната помош, а се зборува дека и физички биле нападнати. Наместо да ја сфатат пораката, тие почнаа со грозни зборови да ги напаѓаат настраданите жители, дека треба да се удават во фекалии, дека заслужувале копач во главата и други навредливи пораки.
Кулминација на негативната енергија се случи во Собранието на Република Македонија, на седница која беше закажана по барање од СДСМ, а на која требаше да се дискутира за помош на жителите на настраданите подрачја. Опозиционите пратеници седницата ја искористија за безобѕирни напади кон пратениците од власта, по кој знае кој пат погрешно сметајќи дека на тој начин може да се добијат политички поени. Врв на безпредметните дискусии беше нападот на пратеничката Софија Куновска која беше во делириум. Таа со своите навредливи говори полни со омраза подолго време само и нанесува штета на опозицијата.
На седницата рече дека полициските единици не се вклучиле во помагањето првите два дена, туку тоа го сториле дури по интервенција на владејачките структури. Политички поени не направи, бидејќи веќе следниот ден доби одговор од представници на специјалните единици, дека кобната вечер уште во текот на врнежите тие биле на терен. Нуркачките униформи ги облекувале по пат, ризикувајќи ги своите животи, при што спасиле преку 300 луѓе од сигурна смрт.
Така на собраниската седница побарана од опозицијата се дискутираше само за партискати интереси. Среќа што премиерот Емил Димитриев ја соопшри одлуката на Владата жителите на поплавените подрачје да бидат целосно обештетени. Тимовите на комисијата за проценка на штетата веќе си ја завршија својата работа, така што наскоро штетите ќе почнат да се исплачаат. Така успешно ќе биде санирана оваа трагедија за жал без помош од опозицијата.
Опозицијата евидентно се движи во погрешна насока и ништо не сака да смени за да тргне во вистинската. Во прилог на тоа е и изјавата на професорот Светомир Шкариќ, на платен список на СЈО, кој иако се занимава со уставно право, бараше одговорност поради природна непогода, која е можна во секоја држава, постојано девалвирајќи ги своите познавања и во неговата и во областа на другите правни гранки.
Колумна на Александар Даштевски за Курир.Веќе е извесно дека ваква природна непогода не се случила на овие простори во последните илјада години. Значи, среќа е што има одговорни политичари