Постојат личности кои по својата природа се конфликтни и избувливи. Со нив е мошне тешко да се разберете и да најдете „заеднички јазик“.Астролозите ги посочуваат следниве 5 знаци од Зодијакот како исклучително тешки:
ОВЕН
Овенот е конфликтен, импулсивен и бескрупулозен. Тој не размислува за последиците, може да каже десет погрдни зборови во само една секунда и за миг да ве сруши психички. Воопшто не му е гајле за мислењето на другите луѓе, едноставно тој е секогаш во право! И како зачин на сето тоа, има огромни барања кон сè и секого. Пoјавата на себичност е прилично честа, но тоа тој никогаш нема јавно да го признае. Не ги признава своите грешки и бара друг начин за да ја оправда својата вина. Но, ни тогаш нема да пројави желба да се разговара за актуелниот проблем. Да се разберете со Овен е мошне тешка задача, но и предизвик. А дури и да успеете, мир ќе имате само во наредните 48 часа.
БЛИЗНАЦИ
Да, токму оваа забавна, сјајна и навидум комуникативна личност има исклучително тежок карактер. А, причините не се малкубројни. Нивниот незапирлив карактер постојано ги понесува. Да се одржи нивниот интерес е доста тешка работа, особено на интимен план. Заштитната реакција е повеќе од ужасна – тие ставаат маска на рамнодушност, па дури и суровост. На зборови може и да ви покажат почит кон вашето мислење, но тоа никогаш нема да стане доволно важно за нив. Близнаците се подмолен знак – создаваат впечаток за разбран човек, но всушност секогаш сакаат да биде по нивно, без разлика на цената!
СКОРПИЈА
Претставниците на овој знак земаат што сакаат и кога сакаат, без притоа да се усогласат со никого. Нивни главни карактеристики се суров јазик, кривичена суштина, супер его и ниту грам желба за отстапување. Но, најстрашни се кон сопствениот партнер – злобно љубоморни, опседнати и безмилосни. Измислуваат непостоечки престапи и со огромно задоволство го казнуваат партнерот. Често се однесуваат кон луѓето како кон обични предмети. За да преживееш до нив, треба задолжително да голташ и да се согласуваш со секое нивно решение. Само едно погрешно пријателство или врска со Скорпија може да ви нанесе емоционална штета за цел живот. Внимавајте!
ЈАРЕЦ
Супер независен знак. Воопшто не му е гајле да тргне против мислењето на сите останати. Тврдоглавоста е неговото второ јас и ќе ви биде навистина тешко да го натерате да направи нешто што не сака. Комуникацијата со него исто така не е лесна бидејќи тој ги презира повеќето луѓе и комуницира со нив поради должност или од досада. А, доколку го додадеме неговиот вроден работохолизам, да му бидете интимен партнер не е лесна задача, која е придружена од десетици компромиси кои ќе ви се наметнуваат да ги правите секојдневно.
ВОДОЛИЈА
На прв поглед, ведра и забавна личност. Но, овие квалитети како да поминуваат во заден план веднаш штом подобро се запознаете. Водолиите имаат навика да бидат „црна овца“ во друштвото. Скандалозни, со предизвикувачка визија, а нивното однесување ко честопати да вели „вие мали и смешни луѓе, не знаете што е да живеете вистински и квалитетно“. Овој знак секогаш го прави тоа што го сака. Дури да си седи кротко и да одобрува или потврдува, додека му нафрлате мислења и ставови, тој сепак ќе постапи како што сам одлучил. Да освоите Водолија под каква и да е форма, речиси е невозможно.Астролозите ги посочуваат следниве 5 знаци од Зодијакот како исклучително тешки:
ОВЕН
Овенот е конфликтен, импулси