Посетата на гинеколог не секогаш е најпријатното искуство, но е нешто кое мора сите да го правиме редовно. Човековото тело е прилично сложено, но никогаш не е досадно.За време на менструалниот циклус природно се случуваат различен број на промени во организмот за кои вообичаено нема потреба за грижа или паника.
Но, гинеколозите предупредуваат дека секоја жена, односно маж најдобро си го познава сопственото тело, па секогаш треба внимателно да ги следиме сигналите кои ни ги испраќа.
Народски кажано – подобро да се спречи, отколку да се лечи. Време е за посета на гинеколог доколку забележите некој од следниве 5 сериони симптоми:
Обилно крварење
Доколку за време на менструалниот циклус забележите дека крварите многу повеќе отколку вообичаено, задолжително треба да се консултирате прво со матичниот лекар, а потоа и со гинекологот доколку е потребно.
Ова може да биде знак на мала настинка, но најчесто е симптом кој укажува на многу посериозни здравствени проблеми.
Силно чешање
Промената на вагиналниот секрет, односно исцедокот (неговата конзистенција, боја или мирис) како и силното чешање на интимните делови најчесто укажуваат на габична инфекција.
Ова не е многу сложен проблем и лесно може да се среди, но неопходна е консултација со гинеколог којшто ќе ви препише соодветна терапија.
Чуден мирис
Доколку забележите остар непријатен мирис на кој не сте навикнати кој доаѓа од вашите интимни делови, тоа може да биде сигнал за некаква инфекција, а најчесто станува збор за бактериолошка вагиноза која сама по себе не е претерано опасна, но доколку не се санира навреме можа да остави долгорочни последици по здравјето.
Болка за време на сексот
Запаметете дека сексот никогаш не треба да биде непријатно и болно искуство. Докторите велат дека болките за време на сексуалниот однос може да бидат симптом за повеќе различни дијагнози.
Дел од нив, за волја на вистината, не се предизвикани од физичка природа, но задолжително треба да одите на преглед и да поразговарате со својот гинеколог.
Пецкање за време на уринирање
Доколку почувствувате пецкање додека мокрите најчесто упатува на инфекција во уринарниот тракт. Но, исто така, може да станува збор и за некоја полово пренослива болест.
Доколку ова непријатно чувство е проследено со промена на бојата и/или мирисот на секретот задолжително треба да закажете преглед на гинеколог и уролог.
Она што е најважно во сите овие случаи е да не се срамите, да не ги премолчувате сигналите со надеж дека ќе исчезнат и да не подлегнувате на неиспробани, лаички методи на самолекување.
Со еден збор, тампонот натопен во јогурт нема да ја излечи вашата вагинална инфекција, туку соодветната терапија препишана од стручно лице.За време на менструалниот циклус природно се случуваат различен број на промени во организмот за кои вообичаено нема потреба за грижа или паника.