Како се лутат хороскопските знаци
Овен
Овенот има низок праг на толеранција. Во состојба е да се разбесни и поради најмала ситница, а секоја навреда ја доживува како напад на неговото его. Неговите напади се бурни.
Бик
Бикот е земјен знак и тоа го прави многу трпеливо. Некој би помислил дека може се да истрпи. Никој нема такви нерви како што има Бикот, но кога еднаш ќе се изнервира, не е пријатно да се биде во негова близина. Тогаш настанува вулканска ерупција.
Близнаци
Како воздушен знак тој е исклучително паметен и хиперактивен, нема напади на бес и паника, но ако е нервозен ќе му врати на противникот барајќи ги вистинските зборови за да му врати. Но тоа ќе го направи само ако е сигурен дека кавгата нема да ги наруши неговите интереси.
Рак
Ракот воопшто не ги троши своите нерви за другите луѓе. Тој не се грижи и не размислува за другите. Ретко има изливи на бес. Го собира гневот во себе, а се лечи во кафеана и теретана.
Лав
Лавовите се експлозивни, но не во толкава мера како Овенот. Многу е раздразлив , но по некое време заборава и поминува преку тоа. Реагира веднаш и се обидува со аргументи да се спротивстави на противникот.
Девица
Девицата се смета за најсмирен знак, максимално се контролира и свесна е за сите постапки и за своите зборови. Ги сокрива емоциите, има убаво однесување. Ако смета дека погрешила веднаш ќе се извини.
Вага
Вагата се труди да не се расправа или барем тоа го прикрива. Ја погодува секоја ситница, може со часови да се лути без причина. Ретко си дозволува да влегува во расправија.
Шкорпија
На нив не им треба многу за да се налутат. Првенствено започнува да провоцира и секогаш е подготвена за ниски удари. Потоа следат навреди, па можен е и физички напад. А за ситуацијата да биде уште полоша мора да го задоволи својот нагон за одмазда.
Стрелец
Стрелецот главно ги нервира сите околу себе, бидејќи вообичаено го кажува она што го мисли и кога никој не го прашува. Кога ќе се изнервира целосно е непредвидлив. Кога еднаш ќе го изнесе својот став, не го менува.
Јарец
Дисциплинираниот Јарец максимално се контролира и се труди да не се разбесни. Но ако не успее во тоа, прави бука и гужва. Има нагон секогаш се да биде по негово. Знае да биде многу непријатен, доколку се почувствува загрозен оди од крајност во крајност.
Водолија
Лесно се лути, но и брзо заборава. Се лути кога некој му ја ограничува слободата и кога некој се сомнева во него. Мисли дека се најдобро знае, сака на другите да им го „соли“ умот. Крие од другите кога е повреден, а тогаш станува најопасен.
Риби
Пречувствителни се , се прифаќа лично и поради тоа често се лутат. Постојано го менуваат расположението и не знаат што сакаат. Својата лутина ја задржуваат за себе, што е лошо, подоцна тоа преминува во депресија и тага. Но не се злонамерни, ако им се извините се ќе заборават.
Овен
Овенот има низок праг на толеранција. Во состојба е да се разбесни и поради најмала сит