Внимавајте! Доколку имате сало на овие делови од телото ви се закануват сериозни заболувања

Дебелината е се почестa причина за малигните заболувања, иако од рак во моментов најчесто заболуваат пушачите.Десет сантиметри повеќе во струкот може да го зголемат ризикот да заболите од рак за 13 проценти, покажува најновата студија. Во текот на истражувањето прегледани се здравствените картони на над 40.000 пациенти со зголемена тежина, чија состојба е следена во последните 12 години.
За овој период ракот на дебелото црево е дијагностициран во 590 случаи, додека 1.565 пациенти добиле рак на црниот дроб, панкреасот, матката и дојките, сите тесно порзани со дебелината.
Анализите покажале дека додавањето 8 сантиметри на сало во колковите го зголемува ризикот за рак на цревата за 15 проценти, додека 11 сантиметри сало околу струкот го зголемува ризикот за добивање на 10 вида рак како што се на гради, црн дроб, панкреас, матка, бубрези и јајници – за 13 проценти.
Вишокот на масно ткиво може да го смени нивото на половите хормони, може да предизвика растот на инсулинот. Сите овие фактори го зголемуваат ризикот од рак.
-Нашите резултати покажуваат дека индексот на телесна тежина, обликот на човечкото тело и посебното место каде се складираат мастите се добри индикатори за дебелеењето кое е поврзано со ракот. Конкретно мастите околи струкот може да бидат важни за некои видови на рак, но потребно е секако дополнително испитување, вели лидерот на студијата, доктор Хајнц Фрајслинг од Меѓународната агенција за истражување на ракот.
Еден од истражувачите вели дека иако не постојат гаранции против оваа опасна и лоша болест, одржувањето на здрава телесна тежина може да помогне.
-Физичка активност, мали промени во храната и пиењето може на долгорочен план да ви помогнат да постигнете здрава телесна тежина, вели Џули Шарп.
Видовите на рак кои се поврзани со дебелината ги напаѓаат градите кај жените во менопауза, цревата, желудникот, црниот дроб, жолчката, пакреасот, матката, јајниците и бубрезите.Десет сантиметри повеќе во струкот може да го зголемат ризикот да заболите од рак за 13 проценти, покажува најновата студија. Во текот на истражува

Пронајдете не на следниве мрежи: