„Нејзиниот син е скоро на иста возраст како мојт син, а таа би сакала да се забавува и да се омажи“, се жали идна несреќна свекрва.Денес се многу популарни врските со голема разлика во годиние. Се повеќе жени влегуваат во врски со многу помлади мажи, така што тоа е се помалку табу тема.
Се повеќе жени своите проблеми ги изнесуваат преку медиумите, бидејќи единствено така можат да останат анонимни.
Една очајна идна свекрва одлучила да побара совет од читателите на Мирор. А еве ја нејзината приказна:
„Од секогаш сум била многу поврзана за мојот најмлад син, кој сега има 26 години. Покрај него имам и две постари ќерки кои се мажени.
Мојот син од секогаш ги менувше девојките и не можеше да се сврти покрај една. Пред година дена, мораше да се одсели во Сингапур поради работа, но преку Скајп секојдневно бевме во контакт.
Пред неколку недели, на мене и сопругот ни соопшти дека запознал некого, што многу не израдува. Ни раскажа по нешто за неа, вклучувајќи го и фактот дека е разведена и дека има и син.
На основа на то донесовме заклучок дека е малку постара од него, но мислевме дека е во некои доцни дваесети години или околу 30.
последен пат кога се слушнавме преку скајп, ни кажа дека таа е кај него во станот и дека би било убаво да се запознаеме доколку сакаме.
Кога се појави на екранот, не можевме да им веруваме на своите очи. Таа има ни помалку ни повеќе туку 45 години, а нејзиниот син, за кого подоцна дознавме има 22. само четири години помлад од нашиот син.
Таа буквално се забавува со некој кој е толку млад што може да ѝ биде син.
И покрај то бевме многу љубезни, разговаравме многу малку, но за неколку дена мојот сопруг му се јави на синот за да го праша дали е свесен за тоа во што се впушта и зошто го прави тоа.
Нашиот син многу се налути, и му одговори дека е доволно возрасен за сам да си одбере девојка и дека тоа не е наша работа.
Јас сум многу несреќна,и се што сакам е мојот син да ја увиди својата грешка, но не сакам со то да го оттурнам уште подалеку од себе. Помогнете ми, што да правам?“, раскажува оваа загрижена жена.Денес се многу популарни врските со голема разлика во годиние. Се повеќе жени влегуваат во врски со многу помлади мажи, така што тоа е се помалку т