Стефаноски: Десет индикатори дека криминалот, насилството и полициските местенки на СДСМ ќе продолжат до крајот на изборите.

Ова што се случува деновиве е само кулминацијата што предходно имаше подготовка. Верификувани беа десетина индикатори со крупни инциденти, афери и безбедносни пропусти што се случија во предходните сто дена владеење на СДСМ. Изјави за Пулс24 аналитичарот Милан Стефаноски, кој наведува 10 индикатори кои уште сега посочуваат дека периодот до завршувањето на изборите и нема да биде мирен.1. Вчера имаше вооружена пресметка во Кичево каде што неофицијално ранет е кандидат за градоначалник и неговите соработници
2. Апсење на Темелко, и тврдам дека неговото лишување од слобода е темпирано да се случи кога кампањата е во полн ек, и мислам со вакви апсења и притисоци ќе се продолжи во овој период.
Тоа се методите на СДСМ бидејќи немаат што да понудат, предходно ги имаа бомбите, а денес полугите на власта.
Нема програма, проекти и реална понуда, полна им беше устата предходно кога беа опозиција за новодната злоупотреба на институциите.
И, еве се сега тие на власт и веднаш си ја покажаа намерата.
3. Пред некој ден  се случи сериозен инцидент, неофицијално, на кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци од редовите на ВМРО ДПМНЕ му бил вперен пиштол и се случило обид за класично заплашување, одговорност и истрага нема.
Ако вака почнува изборна кампања, а со институциите владее СДСМ, тогаш заклучокот што ќе го извлечеме е дека нас ни престојат загрижувачки изборни денови исполнети со насилство, притисок и слично.
4. Законот за амнестија. Повторно Станува збор за политичка одлука за политички пазар на сметка на безбедноста на самиот изборниот процес, и опасен преседан ако се има предвит дека изборната кампања ќе стартува за неколку дена. Ова може да ги мотивира сите оние кои на еден или друг начин сакаат да има коруптивен изборен дена, И, секако преставува лага затворениците и ги злоупотребува во предизборни цели. Мавтањето со предлог закон за амнестија кон прекршителите на законот, сторители на кривични дела не е ништо друго туку изборна корупција и кокетирање со затворениците пред избори.
5. Ослободувањето на Агим Красниќи, Бајруш Сејдиу, Велија Рамковски и Зоран Божиновски
–       Преку случајот на ослободувањето на Бајруш Сејдиу и Агим Красниќи се покажа дека кога сака СДС и Заев не им е потребна амнестија за ослободување туку тоа се прави преку кршење и злоупотреба на законот.
–       Тутунскиот бос Бајруш Сејдиу, кој деновиве беше пуштен од затвор поради наводни здравствени проблеми, вечерва од кафеана во Куманово порача „Да живее Зоран Заев“, кој го ослободи од затвор.Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции. Привремениот прекин е од медицински причини, кои очигледно немаат допирна точка со реалната здравствена состојба на тутунскиот бос.
6. Изборниот поткуп во Теарце, Куманово и Струмица во 2016, остана до денес енигма, имено двајцата началници во МВР во Куманово и Струмица беа во спрега со криминалци, едниот беше затекнат како ослободува осомничено лице кое нападна припадник на МВР, а другиот беше жив фатен со изборен матријал во неговиот дом. Началникот од Струмица вчера е виден во првите редови на партиска конвенција на СДСМ, ви истиот ден кога Оливер Спасовски изјави дека нема да има мешање на припадници на МВР во избори, кампањи и слично.
7. Случувањата во затворот во Идризово, достапните мобилни телефони на осудените за Диво Насеље, кои веќе почнале да агитираат преку социјалните мрежи во контекст на локалните избори и редовно може да се забележи како се величи лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Најистакнат е сепак Зекир Беќери Чауш кој е осуден за дело кое беше поврзано за фаслификувани документи кои требаа да се користат за време на минатите избори и е најактивен лобист на СДСМ на интернет од ќелијата.
8. Поднесувањето на кривични пријави на градоначалници од редовите на ВМРО ДПМНЕ без основ, СДС реши преку Оливер Спасовски грубо да ја злоупотреби мвр и оваа институција да ја направи алатка за изборни потреби. за  ваквата груба злоупотреба на МВР. И, како што предходно реков, МВР се претвори во оружје на СДСМ за изборите и кампањата
9. Исто така многу сериозна е и информацијата која беше актуелна во медиумите е и доаѓањето во Македонија на Гафур Адили член на терористичката организација АНА и е на црната листа на САД, него како што пишува во медиумите од македонското МНР добил дозвола за патни исправи и набрзо може да влезе во Македонија. Може да го очекуваме во предизборието.
10. Масовното поставување на непрофесионален и партиски кадар и огромниот оглас за нови вработувања во МВР го трасира патот за можни масовни злоупотреби за денот на изборите и според законите во доменот на антикорупција фрла сомнеж за можни изборни корупции.
И, тука има една лицимерна фактичка состојба, првиот човек на МВР да е потпретседател на СДСМ, а не ја пропушта приликата да повтори дека тој ќе го департизира МВР, но не му текнува да тргне од него, а претходниот негов колега Митко Чавков не беше член на никакво партиско тело.
И, уште една загрижувачка информација која исто така е нотиран факт, а тоа е дека шеф на изборниот штаб на СДСМ е бившиот директор на УБК, Миле Зечевиќ.
Така што на некој начин веќе почетокот на кампањата е исполитизиран, искриминализиран од веќе познати методи и политики кои сдсм ги спроведува секогаш кога е на Власт.
Овие десет нотирани факти и десет веќе утврдени индикатори во овие неколку месеци наназад оставаат сомнеж дека СДСМ не е способен да гарантира безбедно секојдневие, а камо ли мирен изборен процес. Овие факти се доказ дека СДСМ, и Оливер Спасовски немаат капацитет да изградат соодветен систем за одговор на овие предизвици, и немаат желба и волја туку напротив тие се во директна спрега со осомничени лица кои би го компромитирале целиот изборен резултат само да е во корист на СДСМ.1. Вчера имаше вооружена пресметка во Кичево каде што неофицијално ранет е кандид

Пронајдете не на следниве мрежи: