Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне кога локално ќе има и појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Врнежите ќе бидат со слаб и умерен интензитет и повеќе ќе бидат застапени во западните краеви. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд особено попладне и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 18 степени.
И во четврток преку денот не се очекува значителна промена на времето. Во текот на ноќта кон петок поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег.
Од четврток до сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен долж Поварадрието. Поради разведрувањето, за време на викендот утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, но преку денот времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Дневните температури ќе бидат нешто повисоки.Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд