Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди.Во западниот дел од земјата ќе дува ветер од западен и југозападен правец, а долж Повардарието и од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од нула до девет, а дневната од 15 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
Во петок под влијание на влажен бран од Медитеранот ќе има повторно зголемување на облачноста и врнежи од дожд, особено во доцните попладневни и вечерни часови кога наместа врнежите ќе бидат и пообилни. Температурата ќе биде без позначителни промени.
За време на викендот ќе преовладува стабилно време, во сабота релативно свежо со слаб до умерен северен ветер, а од недела ќе има благ пораст на дневната температура.
Во западниот дел од земјата ќе дува ветер од западен и југозападен правец, а долж Повардарието и од југоисточен правец. Утринската температура ќе с