Активностите на терен продолжуваат

Екипите на штабот за заштита и спасување и денеска делуваа на терен со сета расположлива човечка сила и механизација на терен во насока на расчистување на последиците предизвикани од големото невреме кое го зафати Скопје.Вода за пиење од цистерни и флаширана вода редовно се доставува со сите пунктови во населените места од територијата на Општина Гази Баба кои беа најмногу погодени од невремето, а со механизација (цистерни и пумпи) се црпеше вода од поплавените дворови и куќи.
Дополнително, отворени се пунктови за помош на настраданите во основните училишта „25 Мај“ и „Наум Наумовски-Борче“.
На терен се и екипи од Црвен крст, АРМ како и голем број на волонтери кои им помагаат на граѓаните и помагаат во дистрибуцијата на помошта.
Градоначалникот Коце Трајановски во просториите на ОУ „Дане Крапчев“ одржа координативен состанок со претставници од армијата, Дирекцијата за заштита и спасување и со претставници од месните заедници од овие скопски села.
Трајановски, заедно со поголем број на министри во Владата на Република Македонија, посетија поголем број на населени места како се нанесени поголеми штети од невремето, како населените места Инџиково, Црешево, Смилковци, Виниче и Страчинци во Општина Гази Баба, Горно Лисиче во Општина Аеродром и Волково во Општина Ѓорче Петров. Во повисоките населени места во Гази Баба, Виниче, Црешево и Страчинци, поројните дождови предизвикаа голема материјална штета, пред се на патната инфраструктура.
На овие средби жителите ги посочија местата каде треба приоритетно да се интервенира.
За потсетување, Советот на Град Скопје вчера донесе Одлуката за давање парична помош на настраданите од невремето на подрачјето на градот Скопје. Со оваа одлука Градот Скопје, како израз на солидарност за настраданите од невремето кое го зафати подрачјето на градот Скопје, на семејствата на починатите им доделува парична помош во износ од 180.000 денари, за секој починат член од семејството.Вода за пиење од цистерни и флаширана вода редовно се доставува со сите пунктови во населените места од територијата на Општина Гази Баба кои беа н

Пронајдете не на следниве мрежи: