1ТВ ке објавува имиња кој стои зад ситуацијата со Боки13, статус на Фејсбук

Ова е фотографија од денешното рочиште за несреќно наречениот предмет “Рекет”. Ја известуваме јавноста дека во наредните неколку денови ке ѓи објавиме сите факти и докази зошто само Бојан Јовановски се наоѓа во ефективен притвор, иако се наоѓа во лоша и ризична здравтвена состојба, имено ке ѓи објавиме сите медицински наоди и известувања од сите доктори, специјалисти и суб-специјалисти и нивните строги препораќи за негово лечење. Воедно ќе ѓи објавиме со точно име и презиме лицата кои стојат позади тивката ликвидација на Бојан Јовановски! Исто така ќе ѓи објавиме со име и презиме лицата кои секојдневно му се заканувале со физичка ликвидација на Бојан Јовановски, лицата кои го уценувале што да зборува за предметот “Рекет”, уцените и заканите кон Јовановски се однесувале лично кон него и кон членови на неговото семејство.
На денешното сведочење од страна на обвинителката Лиле Стефанова јасно се виде дека прво обвинетиот Бојан Јовановски не учествувувал во никакви дејствија кои му се ставаат на товар, јасно беа посечени имињата на лицата кои вршеле притисок и влијание за случајот “Империја” таа спомена судии, политичари, обвинитили, бизнисмени, нарекувајќи ги “разни емисари”…. Јасно и категорично беше кажано од страна на обвинителката Стефанова дека со Бојан Јовановски немала никаков контакт и дека имала само коректен однос гостувајки во 1ТВ и дека никогаш не разговарала со Бојан Јовановски за предмети од СЈО и дека никогаш не вршел никаков притисок, а замислете Јовановски е прво обвинет во овој случај… “вистинска правна држава”
Прашањето кое го поставуваме до надлежните кога ке ѓи процесуираат вистинските криминалци на обвинителна клупа?
Дали надлежните мислат дека јавноста е слепа и глува?
Дали надлежните мислат дека со спроведување на класична тортура кон Јовановски и неговото семејство ке го замолчат Јовановски и дека ке ја спречат вистината за “Рекет”?
Објавувањето на сите факти и докази кои ке бидат пласирани на нашите официјални страници се од исклучително важен јавен интерес и во интерес на вистината за кривично правниот предмет “Рекет”
Како беше она парола… “Нема правда, нема мир”
Место за “поштедени” на нашите официјални профили на згаснатата 1ТВ нема и нема да има “поштедени” !!!

Ова е фотографија од денешното рочиште за несреќно наречениот предмет "Рекет". Ја известуваме јавноста дека во наредните…

Posted by 1tv.mk on Monday, January 27, 2020

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.