1 мај: Зошто никако не смеете скарата да ја подмачкувате со масло

Вообичаено „правило“ меѓу скараџиите е пред да се стави месото, истата да се подмачка додека е топла.

Ако и вие ова го правите, тоа е погрешно иако голем број интернет страни и книги за готвење го предлагаат ова.

Сепак, една книга за готвачи која е повеќе пати наградувана, нуди друг совет.

Авторот на книгата напишал дека подмачкувањето на скарата не е добра идеја. Според неговата книга, доколку користите масло, истото ќе испари и ќе се претвори во карбонат веднаш бидејќи ќе ја достигне температурата.

Јаглеродот и димот немаат убав вкус и ова ќе влијае на вкусот кој ќе го има вашата храна. Покрај ова карбонатот на скара создава уште еден слој кој го отежнува чистењето.

Друго решение е на месото да додате малку мајонез кој е самиот по себе мрсен, но не се тргнува толку лесно и на изненадување на многумина и дава добар вкус на храната. Идеален е за задржување на зачините на месото. Посебно добро оди со риба и пилешко.

Можеби не сте љубител на мајонез и одржувате здрав живот, но само внимателно. Се е во ред ако сте умерени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.