1.000 луѓе си заминаа од Делчево во еден ден

Екипата на Инфомакс во текот на вчерашниот ден беше во Делчево каде сними анкета со граѓаните на импровизирана автобуска станица. Само вчера од Делчево заминаа 12 автобуси полни со делчевчани кои што не можат да најдат работа во Македонија, па среќата си ја бараат надвор од државава. Делчево во моментов има 1000 жители помалку отколку само пред еден ден.
Тpaopна е целата приказна, на импровизираната автобуска можеше да се забележат мажи кои ги испраќаат своите сопруги, сопруги кои ги испраќаат своите мажи, но и родители кои ги испраќаат своите деца, пишува порталот.

-Одам во Италија на рмбање, во Делчево нема работа, нема живот, невработен сум имам две деца на факултет. Партиски вработуваат и нема работа. Власта не те гледа ако не си близок до него, вели еден од граѓаните коj се реши среќата да си ја побара во Италија.
Само вчера од Дечево заминаа 12 полни автобуси од Македонија.
-12 автобуси денеска ќе одат. По 60 луѓе и 2 автобуси по 90 луѓе. Оваа компанија и плус две има, нека прорачунаат колку луѓе си заминуваат. На господинот Заев кажете му сите бегaaт, бегаат зошто нема пари, зошто кpaдат парите. Каков живот, за нив живот кpиминалци, вели гнeeвниот делчевчанец.

 

Извор: Инфомакс

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.