1.500 евра казна за навредување на полицајци во Цена Гора

Ф.В.(24) од Никшиќ по итна постапка пред Судот за прекршоци во Будва е казнет со 1.500 евра. Тој утрово со прекршочна пријава од полициски службеници е донесен до претседателот на судот, судијата Марко Ѓукановиќ, кој по рочиштето ја одредил максималната парична казна за навредување полицајци.

Како што дознава „Вијести“, младиот никшиќанец бил приведен откако утринава околу четири часот бил запрен на улицаво Будва, по што ги омаловажувал полицајците А.М и К.Д, кои се обиделе да го легитимираат.

Кога полицијата му ги побарала личните документи, казнетото момче им рекло: „Бегајте клошари, ќе ви ги дадам документите, што сакате п**** едни, татко ми и брат ми се во затвор, не ми можете ништо… не знаете кој сум јас, п**** едни распаднати“.

По ова, 24-годишниот прекршител бил приведен во полициска станица, пишува „Вијести“.

Пронајдете не на следниве мрежи: