ТАЖНО ДО БОЛКА: Две годишниот син ја пронашол мајка си мртва во креветот: „Зошто мама не сака да се разбуди?“

Стеф Еванс отишла на спиење жалејќи се на болка во рамената, а следното утро нејзиниот 2 – годишен син Алфа – Џејмс ја пронашол мртва во креветот.Младата мајка не се помрднувала, а нејзиното синче прашало: „Зошто мама не сака да се разбуди?“
Нејзиниот партнер Бен Вајдап (22) отишол на работа и не бил на лице место таму кога се случило ова. Очајно ја опиша Степ како „среќна, забавна и отворена личност која секогаш била спремна да им помогне на другите“.
Еванс имала тешка болест на срцето уште од раѓање и докторите мислеле дека нема да проживее ниту до нејзината втора година. Подоцна и рекле дека нема да може да има деца. Но било поинаку….
Вајдап на новинарите им раскажа што се случило.
– Степ беше добро кога јас отидов на работа околу 7 утрото, но 2 часа подоцна добив повик од своите родители за страшните вести. Алфа Џејмс обично и ја отвора вратата на мојата мајка, а тој ден и рекол: „Мама не сака да се разбуди“. Мајка ми ја пронашла на креветот и веднаш сфатила што се случува. Кога јас се вратив дома, се онесвестив. Не можев да верувам…Не очекував дека ќе се случи ова. Сè уште сум во шок.

Освен Алфа – Џејмс, парот има уште едно дете, 18-месечниот Лејтон – Балеа. Тие знаат дека нешто не е во ред, но не можат во целост да сфатат, објаснува Бен.
– Алфа – Џејмс уште мисли дека таа спие.
Иако скршен од болка, Бен сепак е восхитен од тоа колку далеку успеала да стигне Стеф и покрај страшната дијагноза која ја имала.
Локалната заедница одлучи да се обиде да помогне во одгледувањето на децата и покрена акција за собирање на парични средства.

 Младата мајка не се помрднувала, а нејзиното синче прашало: „Зошто мама не сака да се разбуди?“
Нејзиниот партнер Бен Вајдап (2

Пронајдете не на следниве мрежи: