1. Тоа е првото нешто на коешто помислувате откако ќе се разбудите
Едвај ви се отворени очите, а веќе почнувате да го подготвувате вашето кафе. Пред вас гледате само полни шолји. Мора да се напиете веднаш.
2. Има способност да ви го промени целиот ден
Ги знаете оние денови кога ништо не оди по план? Само што ќе помислите дека сè ќе тргне на лошо, се појавува кафето. Птиците продолжуваат да пеат, а облаците веќе не изгледаат толку мрачно. Кафето повторно ве спасило.
3. Чудно ви е кога некој повеќе сака чај
Можеби нема да кажете на глас, но кога некој ќе каже дека повеќе сака чај вие се чувствувате навредено. Едноставно не можете да ги сфатите овие луѓе.
4. Сите знаат колку многу сакате кафе
Како што вљубените зборуваат за нивниот партнер, така и вие не можете да престанете да зборувате за она што го сакате најмногу. Секогаш наоѓате начин да го спомнете кафето, макар и да дадете само мал коментар.
5. Знаете дека далечината зближува
…но тоа не значи дека сакате да го тестирате ова. Среќни сте со кафето и не сакате да се разделите од него.
6. Се чувствувате како да сте изневериле ако отидете во друга кафетерија
Ако навистина сакате кафе, голема е веројатноста да имате и омилена кафетерија. А кога земате кафе од друго место, се чувствувате како да сте изневериле. Вие сте посветени на една кафетерија и на еден бренд кафе.
7. Потребно ви е
Не можете да го замислите вашиот ден без барем една шолја кафе и воопшто не ви е срам да го признаете ова. Можеби не ја сакате оваа врска, но потребна ви е. Се разбира, можете да ја прекинете кога сакате.
8. Аромата ве опушта
Дали ве смирува мирисот на личноста што ја сакате? Истото го чувствувате и со кафето и знаете дека е многу подобро.
9. Помислувате на кафе кога слушате романтични песни
Кафето постојано е во вашите мисли. Дури и романтичните песни ве тераат да помислите на него.
10. Не можете да се сетите на период без кафе
Сигурно не сте пиеле кафе уште од мали, но за вас е бизарно да помислите дека имало период кога кафето не било важен дел од вашиот живот. Можеби звучи драматично, но вашиот живот се променил по првата шолја кафе.