10 милиони долари ќе чини обезбедувањето на Марк Цукерберг

Фантастични 10 милиони долари ќе одвои компанијата Фејсбук за обезбедување на домот на Марк како и на придружбата за работа и патувања низ Америка, соопшти службата за информирање на оваа компанија. Сметката лани била нешто помала и изнасувала 7.3 милиони долари.
Ова е најголемата сума што една компанија од ваков калибар или формат ја плаќа за да го заштити својот директор или сопственик. Од консултираната фирма која ги дава услугите велат дека ова не е воопшто многу, бидејки е вклучено обезбедување и на семејството, како и сајбер контра мерки.
Некои од големите директори сепак не плаќаат ни одблиску волку многу и тоа е можно ако се избегнува јавноста и се живее на поинаков начин. Но сепак Марк има свој специфичен стил на живеење и работење и тоа е скапо.
Америка како Америка и по ова прашање сега се води дебата за даночењето. Значи Фејсбук ќе треба да плати и даноци на оваа цена одозгора. Но, се чини дека ова е мал проблем за компанијата која можеби го има идниот претседател на Америка во наредните десетина години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.