Кират Аси, 44-годишен Лондон, почнала да се допишува со маж во 2009 година. Приказната започнала кога на Фејсбук добила порака од поранешното момче на нејзината братучедка кој ја прашал за совет и што треба да направи за да се помири.
Братучедката Симран Богал потоа ѝ ја дала адресата на е-пошта на неговиот наводен брат Боби за да изрази сочувство. Тие подоцна разменија пораки и профили на социјалните мрежи.
- САД: Одделот на Илон Маск за намалување на државните трошоци бара „револуционери“ со висок коефициент на интелигенција– Иако сè уште не е формиран, одделот задолжен за намалување на- прочитај повеќе
- ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Намалена видливост поради магла на планинските превои Стража, Маврово, Плетвар и ЃаватоНамалена видливост од 80 метри поради појава на магла има на планинските- прочитај повеќе
- Маж со секира тргна кон сопругатаНадворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(54) од- прочитај повеќе
- Наташа Беквалац првпат проговори по смртта на Миодраг Костиќ: Објавила песна посветена на покојниот бизнисмен (ФОТО)Миодраг Костиќ беше погребан денеска во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта- прочитај повеќе
- Путин до Шолц: Москва е подготвена за преговори кои ги почитуваат руските интересиРускиот претседател Владимир Путин за време на разговорот со германскиот канцелар Олаф- прочитај повеќе
Боби бил лекар кој во тој момент, како што тврдел, живеел во Австралија, а тој и Аси, според неа, се заљубиле еден во друг. Секојдневно комуницираа и постојано го договараа првиот состанок во живо, но секој пат кога ќе требало да видат се појавувало нешто на страната на Боби. Еднаш дури кажа дека имал срцев удар и завршил во болница, а секогаш кога Кират детално го испрашувала за неговиот живот и причините поради кои не можеле да се видат, тој и се заканувал со самоубиство.
Бизарниот случај на запознавање траеше една година и откако и се допаднаа на Кират неговото внимание и разговори, таа реши да ангажира приватен детектив за да дознае повеќе за него. Истрагата траеше со месеци, беа вклучени многу сведоци, па дури и човекот чии фотографии и идентитет беа украдени. Боби навистина постоеше, но тој со години не стоеше зад профилот што се допишуваше со Кират, туку всушност беше личност од нејзината околина.
Детективите ја шокирале кога откриле дека сето тоа го правела нејзината братучедка. „Ова влијаеше на моето здравје, семејството, пријателите, социјалниот живот, кариерата, долго време не зборував… Таа ми го уништи животот и ми одзеде во неповрат десет години“, вели Кират. Како што пренесува Daily Mail, ова е еден од најсложените и најдолгите случаи на лажно претставување на Интернет.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.