10 градови во кои живеат најпривлечните мажи на светот

10 градови во кои живеат најпривлечните мажи на светот

Тимот на сајтот “Traveler’s Digest” составил листа од десет градови во кои можете да ги видите најпривлечните мажи на светот.
Еве како изгледа листата:

1. Стокхолм, Шведска
Постојат стереотипи дека станува збор за емотивно дистанцирани мажи, но естетски, не можат да се негираат нивните нордиски атрибути и исклучителната висина. Просечниот маж во Стокхолм е секогаш беспрекорно облечен и е вистински хедонист кој ужива во храната, модата и националната култура.

2. Њујорк, САД
Њујорк се смета за еден од највозбудливите градови на светот, а токму неговиот мултикултурализам овозможува долга листа на атрактивни мажи.

3. Амстердам, Холандија
Холанѓаните се повисоки од просечниот Европеец и се сметаат за вистински џентлменти. Многу се љубезни и комуникативни.

4. Лисабон, Португалија
Тие претпочитаат да бидат сестрани, образовани и се големи патриоти. Португалците воглавно се високи, спортски градени и харизматични и често ги ценат луѓето кои знаат да импровизираат и да заведуваат.

5. Буенос Аирес, Аргентина
Аргентинките спаѓаат во категоријата на најубави жени на светот, но ни мажите не заостануваат на ова поле. Тие се секси, сензуални, а покрај тоа се големи љубители на спортот и се образовани.

6. Сиднеј, Австралија
Мажите од Сиднеј важат за шармантни, духовити, интелигентни, паметни и силни мажи, а она што веројатно ги освојува женските срца е нивниот секси акцент.

7. Мадрид, Шпанија
Познати се како латино љубовници, затоа што се паметни, секси и романтични. Ако на тоа додадеме неизоставен модерен и софистициран шарм, тогаш јасно е зошто се наоѓаат на листата на најатрактивни мажи на светот.

8. Берлин, Германија
Берлин е еден од културно најразличните градови во Европа. Во овој град, мажите претпочитаат да бидат интелектуалци со цврста желба за знаење и авантуристички дух. Германците се инаку познати по интелигенцијата и добриот изглед.

9. Милано, Италија
Милано е еден од најмодерните градови во светот, каде најмногу се следат модните трендови. Мажите во Милано се познати по бронзениот тен и страстната желба за флертување.

10. Тел Авив, Израел
Бидејќи се наоѓа во непосредна близина на Медитеранското море, ова место има важна современа културна сцена. Без разлика дали се на плажа во текот на денот или во ноќните клубови, мажите од Тел Авив пленат и зрачат со шарм и убавина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.