10 добри причини да бидете млада мајка

Старосната граница за раѓање деца секоја година се поместува се подалеку. Статистиката од 1970 година покажува дека во тоа време жените во просек раѓале на 21 година.
Статистиките од претходната година укажуваат на тоа дека денес таа граница е поместена на 26 години, но и тоа е рано за жените кои сакаат да се посветат на кариерата.
Иако често можете да слушнете како девојките сметаат дека своите 20-ти години треба да ги посветат самите на себе – кариера, патувања, забави и романтични средби, сепак ако сте млада мајка, треба да се гордеете на тоа дека сте ги искористиле своите 20-ти во воспитување на дете, а еве и зошто:
1. Имате доволно енергија за да се справите со сите барања.


2. Сонот не ви е толку неопходен кога сте млади. Можете да излезете на крај со бебето кое често се буди во текот на ноќта, а потоа целиот нареден ден да бидете активни и покрај непроспиената ноќ.
3. Веројатно ќе бидете единствена девојка во кругот на пријателите која има дете што значи дека и вашето дете ќе биде постојано посетувано и размазувано од вашите пријателите.
4. Вашите деца ќе доживеаат убави моменти и спомени со вашите родители.
5. Вашите родители ќе бидат доволно млади за да се вклучат и да ви помогнат околу детето.
6. Многу е веројатно дека вашите деца ќе успеат да ги запознаат и своите прадедо и прабаба.
7. Вашето тело по породувањето многу полесно и со минимален напор ќе се врати во првобитната форма.
8. Многу е помала веројатноста дека ќе имате проблем со плодноста.
9. Доколку се случи да имате такви проблеми, ќе имате време да ги пробате сите алтернативи и можности за да станете мајка.
10. Поради помалата разлика во години, поголеми се шансите вашиот однос со детето да биде отворен и пријателски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.