10 ЗНАЦИ КОИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА СЕ ПЛАШИТЕ ОД ТУЃОТО МИСЛЕЊЕ

Ги криете своите определби

Навивач сте на некој тим, а се наоѓате во градот на ривалите. Се наоѓате на модна ревија, но всушност сте личност која постојано е во спортска облека. Ако се плашите од мислењето на другите, чувствувате притисок да ја следите толпата, иако тоа значи дека ги „продавате“ вашите вредности. Освен што се ставате себеси во ситуација во која не сакате да бидете, истовремено спречувате другите кои делат слични интереси да ве препознаат и да се поврзат со вас. Никогаш не знаете кога ќе налетате на друг навивач на вашиот тим, но ако сте доволно храбри да бидете тоа што сте цело време, тоа сигурно ќе се случи.

Постојано размислувате што мисли другата личност за вас

Ако сте премногу зафатени со читање мисли на другиот, обидувајќи се да сфатите дали тоа што го зборувате е во ред, вие не сте вистински присутни во моментот. Кога ќе забележите дека постојано обмислувате што се врти во главата на другиот обидете се да вежбате присутност – задржете се во сегашноста, ослободете се од стравот, бидете тука и сега.

Се обидувате да достигнете совршенство

Имате цел и копнеж да ја исполните вашата намера до беспрекорност. Но имајте на ум, и перфекционистите имаат стравови — страв од одбивање, страв дека ништо не е доволно добро, страв од напуштање.

Фрлате сенка на себе

Помислете на сите моменти кога сте сакале да споделите нешто. Сте сакале да го извикате на цел глас! Но, не сте го направиле тоа. Бидејќи сте имале страв дека ќе звучи како фалење. Или сте биле загрижени дека некој ќе ве осуди. Или пак дека некого ќе направите љубоморен. Но со тоа само фрлате сенка на себе. А сите ние заслужуваме одвреме навреме да бидеме во центарот на вниманието кога ќе заслужиме.

Носите маски

Го расцепкувате вашиот идентитет. Се однесувате на еден начин кога сте со семејството, а сосема поинаку кога сте со колегите или пријателите. Различно се однесувате во ноќните клубови и во фитнес центрите. Кога ќе се ослободите од стравот што другите мислат за вас, ќе бидете доволно храбри да го поставите прашањето: КОЈ СУМ ЈАС? Со тоа до израз доаѓа нашето вистинско лице кое е многу поубаво, почисто и поуникатно од она зад маската.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.