10 интересни факти за Истанбул

Местото што ги исполнува сите желби на светот ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти. Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи  е многу повеќе од само име од историјата. Тој е единствен кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на инзвонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“, а сепак Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од 12.600.000 жители.

За овој град кој пет пати го има менувано своето име има многу што да се зборува. Ми се чини дека ни со негова посета градот не ви дозволува да ги откриете сите негови тајни. Ќе се воодушевувате, ќе разгледувате, ќе останете без зборови од прекрасната убавина, а сепак никогаш нема да дознаете се за овој раскошен град на Босфорот.
Затоа овој пат решивме да ви ги раскажеме само интересните факти, а за да ги откриете неговите убавини сепак да го посетите градот.

1. Во Средниот век, кога Истанбул бил дел од Отоманската Империја, во градот имало преку 1.400 јавни тоалети, во време кога тоалети не постоеле дури ни во кралските палати во најголемите европски кралства.
2. Во Истанбул е изградено третото најстаро метро во светот, кое постои од 1875 година. Постари се само метрото во Лондон (1863) и во Њујорк (1868).
3. Во историјата, Истанбул бил главен град на: Римската Империја, Византиската Империја, Латинската Империја и Отоманската Империја. А сепак, во денешно време, Анкара е главен град на Турција.
 
4. Четирите бронзени коњи кои денес ја украсуваат катедралата Сан Марко во Венеција биле украдени од Истанбул во 13. век од Крстоносците.
5. Агата Кристи го напишала својот познат роман „Убиство во Ориент Експрес“ во хотелот Пера Палас во Истанбул, откако самата била патник на познатиот воз кој сообраќал од Париз до Истанбул во периодот од 1883 до 1977 година.
6. Големиот пазар во Истанбул (Капали Чаршија) е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3.000 продавници.
7. Истанбул зафаќа површина колку државата Белгија, со речиси еднаков број население.

8. Речиси без исклучок, сите жители на Истанбул се жалат еден за друг, за сообраќајниот метеж, за начинот на кој се прават работите итн., но никој не сака да си замине оттаму.
9. „Почвата и камењата во Истанбул се златни“. Оваа позната парола од 50-те години на 20. век донела огромен број луѓе од селата во овој магичен град.
10. Во Истанбул се наоѓа најголемата црква-џамија (Света Софија) во светот и единствената која служи како музеј за испреплетеното влијание помеѓу двете доминантни религии во регионот.
Местото што ги исполнува сите желби на светот ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт

Пронајдете не на следниве мрежи: