10 интересни факти за костените

Костените често се составен дел од нашата празнична трпеза, особено за Бадник, а тоа е сигурно поврзано со неговата симболика.
10 интересни факти за костените
Во продолжение прочитајте 10 сознанија за овој вкусен призвод, кои сигурно ќе ве натераат да си купите костени и да уживате во нивниот неверојатен вкус.
Костените се одгледуваат повеќе од 4.000 години.
За Христијаните, костенот ја симболизира чистотата.
Во Турција и делови од Европа и Азија, костенот ги заменил житарките бидејќи е богат извор на јаглехидрати.


Во Јапонија, Италија и Франција, костенот традиционално се смета за храна на сиромашните.
Костенот е единствениот јаткаст производ што содржи витамин Ц (100 г костени обезбедуваат 40% од дневните потреби од овој витамин).
Во Јапонија костенот е симбол на мајсторијата и моќта и традиционално се консумира за Нова година.
Костенот е популарен во Кина, Кореја, Југоисточна Азија, Турција и некои други европски земји.
Кина произведува двојно повеќе костени од својот најголем конкурент, Турција.
Најголемото и најстарото костеново дрво расте во Сицилија на планината Етна. Старо е помеѓу 2.000 и 4.000 години, а неговиот дијаметар изнесува скоро 58 метри.
Просечниот животен век на костенот е помеѓу 200 и 800 години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.