10 пожари се активни во Македонија до 13 часот

Центарот за управување со кризи објави состојна со пожари на отворен простор – состојба на 09.07.2025 (до 13:00 ч.)

На територијата на државата има вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои:

🔥 Активни: 10

Општина Македонски Брод 1: помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки)

Општина Македонски Брод 2: с. Самоков (опожарен лесно запалив материјал)

Општина Македонски Брод 3: с. Рамне (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков)

Општина Чашка: под Солунска глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар)

Општина Чучер Сандево: помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација)

Општина Дојран: с. Николич (нискостеблеста шума)

Општина Кавадарци 1: с. Крушевица (ниска вегетација)

Општина Кавадарци 2: с. Крњево (нискостеблеста вегетација)

Општина Велес: нас. Речани (сува трева)

Општина Шуто Оризари: депонија

🟢 Изгаснати: 4

Општина Бутел: с. Лубанци (ниска вегетација)

Општина Старо Нагоричане: (нискостеблеста шума и сува трева)

Општина Демир Хисар: Ново Село (помошен објект – плевна)

Општина Прилеп: с. Веселчани (сува трева)

Пронајдете не на следниве мрежи: